12.03.2024
Лабораториум, Скопје
ЗА СКОПЈЕ БАР ШОУ
Скопје Бар Шоу е настан кој е замислен пред се за унапредување на ХоРеКа сегментот во туристичко-угостителскиот сектор во Македонија. Настанот ќе биде организиран од страна на Бар Еволушн и Здружението на Бармени на Македонија.
Идејата е да биде еден вид на саем каде што сите што се поврзани со ХоРеКа да можат да се претстават пред угостителите и хотелиерите од Македонија. Терминот е 12-ти Март, а настанот ќе се одржи во Лабораториум - Скопје.
На Скопје Бар Шоу ќе бидат поканети сите субјекти од Хотелско – Угостителскиот сектор, но ќе биде отворен за сите заинтересирани што сакаат да го посетат настанот. Излагачите може да се претстават со свој пулт на кој ќе може да се претстават и да ги претстават своите производи на своите сегашни, но и на нови потенцијални клиенти.
ПРОГРАМА
Во склоп на Скопје Бар Шоу ќе се одржи и 15-тото Државно Првенство на Бармени. Овој натпревар е најголемиот настан во Угостителството во изминатите години, а воедноима и најголема традиција. Предвидено е да се одржат уште еден или два помали натпревари на Бармени, за кои дополнително ќе Ве известиме.
- Државно Првенство на Бармени
- 14:00 – 16:00 – Кавлификации
- 17:00 – 17:15 – Прогласување на полуфиналисти
- 17:30 – 18:30 – Полуфинале
- 19:00 – 19:10 – Прогласување на финалисти
- 20:00 – 21:00 – Финале на Државно Првенство на Бармени
- 21:00 – 22:00 – Доделување на награди од натпреварите и прогласување на најдобрите во сите категории
Темата за првото издание на Скопје Бар Шоу е Еволуција на Барменот. Ќе се одржат повеќе семинари со кои сакаме да помогнеме да се развие барската култура во Македонија и професијата Бармен. Семинарите се наменети пред се за Баремните и Бар Менаџерите. Потребна е претходна пријава за присуство, бидејќи местата се ограничени.
- Семинари
- 14:00 – 15:00 – Семинар 1
- 15:00 – 16:00 – Семинар 2
- 16:00 – 17:00 – Панел дискусија
- 17:00 – 18:00 – Семинар 3
СКОПЈЕ БАР ШОУ НАГРАДИ
На крај на настанот за прв пат ќе доделиме и награди за најдобрите во барскиот бизнис кај нас. Предвидени се 6 категории:
::: Најдобар млад бармен :::
::: Најдобар бар менаџер :::
::: Најдобар нов бар :::
::: Најдобро коктел мени :::
::: Најдобар бармен :::
::: Најдобар бар :::